Korisničko ime      Lozinka

Nemaš nalog? Registruj se

Profil

Opšte informacije

Ime i prezime

Zoran Arsovski - Babata

Godina rođenja

1980

Živi i radi

Kumanovo R.Makedonija

Fakultet

Nacionalna Akademija umetnosti - Sofija, Bugarska

U klasi profesora

Prof.Stanislav Pamukčiev i Prof.Božidar Bojadziev

Član udruženja

Udruženje likovnih umetnika Makedonije( DLUM )

Zoran Arsovski - Babata rođen 1980 u  Kumanovo, R.Makedonija
Diplomirao je na "Nacionalnoj umetničkoj Akademiji" u Sofiji R.Bugarska 2005 godine, otsek Slikarstvo u klasi profesora Stanislav Pamukčiev i Božidar Bojadžiev. Magistarske studije završio je 2007 godine na istoj Akademiji otsek Slikarstvo u klasi profesora Božidar Bojadžiev i Stanislav Pamukčiev.

Član je ( Udruženje likovnih umetnika R.Makedonije DLUM) .

                  Конципирајќи ја својата самостојна изложба како збирка од дела коишто говорат со еден сликарски полилингвизам, притоа демонстрирајќи ги своите креативни можности и широки техничко-изведбени познавања, Зоран Арсовски - Бабата во својата уметничка кариера прави обид за исчекор со еден пристап кој е невообичаен за младите уметници. Храброста на авторот своето актуелно творештво  да го презентира во неколку целини кои меѓусебе навидум не се поврзани може да се разбере како желба за што поцелосна презентација но и како естетска провокација која треба да предизвика полемика.Токму таа интеракција на релацијата уметник-дело-конзумент е основната идеја на Зоран Арсовски, почетна точка во неговото творештво и завршна одредница во неговата реализација. Во претставената ликовна продукција не постои дело кое не раскажува некоја приказна или промовира некоја идеја од секојдневниот живот, мисловното е секогаш пред насликаното и е последица која перманентно се материјализира во сликарските артефакти на Зоран Арсовски. Тие и покрај различните ликовно-стилски јазици  говорат за една идеја - обидот на авторот да партиципира во визуеното разбирање на светот. Во неговото сликарство нема непотребни детали, декоративни елементи и нефункционални површини, фокусот е ставен на максимално искористување на површината на сликарското платно со елементи кои директно треба да ја потенцираат основната идеја на авторот. Вообичаено е потенцирањето на неколку елементи во кои носечка фигура е човекот претставен реално (во фигуралната целина) или во експресионистичко-асоцијативен манир (во сликите во кои внесува несликарски материјали ), како и креирање на атмосфера со помош на колоритот (во апстрактно-експресивните целини). Кога сме кај фигуралниот пристап кај Зоран Арсовски треба да ја истакнеме неговата способност за филмска нарација кадешто успева со мал број елементи да раскаже цела сторија (Бегство, Авантуристички доживувања, Заедно, Краток одговор, Предозираност ...), да го глорифицира женското тело без идеализирање (Јуле, Индивидуален простор, Наде), да направи визуелна психоанализа (Меланхолија во населбата, Инспиративниот агол...) и притоа да остане доследен на академските норми во кои ги акцентира: цртежот, светлото и волуменот. Втората поголема целина (Логор, Централа, Набљудувач...) која се истакнува со посебност се делата работени како симбиоза на сликарство и несликарски материјали, изведени со еден енформелски пристап во кој авторот првенствено е фокусиран на концептот ( третата димензија на сликата, вметнување на отфрлени елементи и нивна редефиниција, антиестетика како говор на предупредување и будење на свеста, внесување на реалните предмети во имагинарниот свет на уметноста, претварање на предмет во идеја...). Користејќи метални жици, тканина, камен, песок, шајки и клучеви, поставени на сликарското платно, авторот прави спој на реалноста и имагинацијата и добива еден нов микроуниверзум. Како визуелно атрактивни дела се истакнуваат делата (Записи 1 и 2) работени со силикатни материјали, техника со која Зоран Арсовски експериментира. Да ги споменеме и двете слики работени во асоцијативно-експресионистички манир (Предел и Порта) во кои доминира силниот потез и експресивниот колорит разбрани како потреба на авторот за движење во неограничен простор. Сепак, можеби највпечатливо со својата драматика е делото “Почеток и крај“ пред се поради извонредниот баланс на формата (сликарското и материјалот во фантастична корелација, ) и содржината ( можноста од уништување на светот од метеорска киша како апел до човештвото за планирање на иднината на планетата). Сликарските дела го збогатуваат духот на човекот, да се надеваме дека тоа ќе го сторат и делата на Зоран Арсовски - Бабата

 

 

Роберт Цветковски, историчар на уметноста

 

                                        Samostalne izložbe:


      Nacionalni kulturni centar , "Trajko Prokopiev " - Kumanovo R.Makedonija


      Nacionalni kulturni centar , "Anton Panov " - Strumica R.Makedonija


      Nacionalni kulturni centar , "Marko Cepenkov " - Prilep R.Makedonija


      Nacionalni kulturni centar , "Grigor Prlicev " - Ohrid R.Makedonija


      Hotel & Kazino " Apollonia Galeriski prostor " - Gevgelija R.Makedonija


      Diplomska Izložba " Nacionalna Akademija umetnosti " u Sofiji R.Bugarska, Studio No 5

 

      Revijalna "Masters" izložba " Nacionalna Akademija umetnosti " u Sofiji R.Bugarska, Studio No 5

 

Učestvovao u mnogim međunarodnim grupnih izložbi, bijenala , simpozijume i likovnim kolonijama u zemlji i inostranstvu.

e-mail: zoranars@gmail.com

 

Tel. +389 75 506 052